Орифлеим е компанија која им помага на луѓето да изгледаат, да се чувствуваат и да живеат подобро – Билјана Демерџиева, Независен Орифлеим Директор –

Билјана е веќе 20 години дел од оваа интернационална компанија, која на големо наше задоволство одговори на неколку наши прашања.

 

Како и кога се приклучивте во тимот на Орифлеим?

Во Орифлеим се приклучив во моите средношколски години по препорака на моја добра пријателка. Не се двоумев и веднаш прифатив, од причина што сакам предизвици и сум секогаш подготвена да пробам нешто ново и интересно. Со само 17 години, самиот почеток беше едноставно како еден вид забава. Секако сакав и да заработам малку, пред сѐ од причина да го надополнам мојот несесер со козметика, но, подоцна почнав поинаку да гледам на Орифлеим. Бизнис можноста набрзо ми стана предизвик и на само 21 година се стекнав со титулата Независен Орифлеим Директор. Во компанијата сум повеќе од 20 години и мислам дека тоа доволно зборува за мојата приврзаност кон оваа интернационална шведска компанија.

 

Што ве мотивираше и сѐ уште ве мотивира во работата со Орифлеим?

Луѓето околу мене. Среќни, весели, задоволни, успешни.Сакам да бидам опкружена со такви луѓе. И сакам да бидам дел од успешни приказни, затоа што секој успех е поголем ако се прославува во тим.

Кај нас на ова обично се гледа како на „работа на страна”, која дава можност за дополнителна заработка. Но, дали може да се изгради кариера во Орифлеим?

Секако. Бизнис можноста која ја нуди Орифлеим можеме слободно да ја споредиме со било кое работно место или работен профил кај нас. Можноста за развој во Орифлеим зависи од нашите амбиции, колку и да се тие големи. Пред сѐ оваа шведска компанија нуди животен стил, флексибилно работно време, многу ексклузивни патувања и можност за сопствен бизнис.

Како правите рамнотежа помеѓу вашите обврски во Орифлеим и вашите професионални, семејни и лични обврски?

Орифлеим е семеен бизнис, а тоа значи дека целото мое семејство живее со Орифлеим веќе 22 години. Не е тешко да одделиш време за работите кои ги сакаш. Семејството, Орифлеим и мојата професија се токму работите кои ги сакам во животот. Само добар план и организација на времето, и верувајте сѐ се постигнува.

Што научивте во Орифлеим? Кои од обуките ви оставија најсилен впечаток и ве поттикнаа да се развивате?

Не би можела да издвојам некое посебно предавање или обука, но едно можам со сигурност да кажам. Многу семинари и предавања посетив во овие 22 години, и после секое од нив јас сум подобра личност, побогата и посигурна во себе. Комуникации, лидерство, планирање, менаџирање, тимска работа и уште многу други теми ми помогнаа во бизнисот и во секојдневниот живот.

 

Дали имате свој омилен производ?

Многу е тешко да се одбере само еден производ, но би ги издвоила нашите врвни линии, NovAge за нега на кожа и производите за додаток во исхраната од Wellness линијата. Тие ми се секојдневие, рутина и стил на живот.

 

Како ви помага Орифлеим да заработите?

Дефинитивно Планот на успех е моделот со кој во Орифлеим добро се заработува. Тоа е систем на работа кој секој би сакал да го проба. Слобода во планирањето на вложеното време, место и луѓе. Системска работа со која секој вложен труд се исплатува а заработките можат да бидат неограничени.

Што сакате да постигнете во Орифлеим? Кои се вашите соништа во Орифлеим?

Скалата на успех е заразна, а јас сум човек што секогаш сака повеќе и знам дека можам повеќе. Секогаш моја наредна цел е следната скала, а предизвик за во иднина ми е да видам до каде можам да стигнам затоа што во Орифлеим успехот нема граница.

 

Кој е моментот во Орифлеим на кој најмногу се гордеете и зошто?

Горда сум на сѐ што поминав овие 22 години. Горда сум на секој мој успех и признание, но посебно сум горда кога некој од мојот тим ќе успее, затоа што знам дека имам и јас таму дел од успехот, знам дека таму има благодарност кон мене. Убаво е чувството кога знаеш дека си помогнал некому.

Translate »