НАУЧНИЦИТЕ ЗАГРИЖЕНИ: СТРАВУВААТ ДЕКА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ МОЖЕ ДА ВЛИЈАЕ НА НОВИ БРАНОВИ НА КОРОНАВИРУС

Постојат убедливи докази дека загадувањето на воздухот ја влошува инфекција на коронавирус и дека влијае на зголемувањето на бројот на заразени лица и стапката на смртност, се вели во најсеопфатната анализа направена досега во Холандија.

Истражувањето спроведено од „Гардијан“ покажува дека долгорочната изложеност на луѓе на честички од загадување ја зголемува можноста за заразување со „Ковид-19“ за приближно 10 проценти и ја зголемува смртноста од оваа болест за 15 проценти.

Холандските истражувачи зедоа предвид повеќе од 20 други фактори, вклучувајќи ја просечната густина на населението на едно место, возраста на населението, големината на домаќинствата, занимањата на луѓето и дебелината.

Постојат поголеми докази од поголемите градови во Европа, САД и Кина дека загадениот воздух ги влошува ефектите на коронавирусот врз луѓето. Како и да е, ова истражување е уникатно затоа што покажува дека најголемо загадување е во руралните области каде мештаните интензивно се занимаваат со сточарство. Затоа, ова истражување ја исклучува идејата дека загадувањето влијае само врз урбаното население, кое станува поподложно на вируси поради дејството на штетните честички.

Научниците предупредуваат дека е важно уште подлабоко да се разбере врската помеѓу загадувањето и коронавирусот, така што луѓето ќе знаат како да се справат со повторното појавување на вирусот во иднина. Оваа врска би можела да сигнализира каде новите бранови на коронавирус би можеле да погодат најсилно, а научниците веруваат дека загадувањето на воздухот може да влијае само на нови бранови на епидемијата.

Веќе е познато дека загадениот воздух предизвикува респираторни и срцеви заболувања кои ги прават луѓето поранливи, а со тоа и повеќе подложни на инфекција „Ковид-19“, велат научниците.

„Користејќи детални податоци, наоѓаме убедливи докази за позитивна врска помеѓу загадувањето на воздухот, особено концентрацијата на мали честички и влошувањето на епидемијата на коронавирус“, заклучија истражувачите.

Translate »