Љубчо Георгиевски: Бојко Борисов е нервозен бидејќи не биле реализирани инвестициите кои му биле ветени: Да ги купи Комерцијална банка и Македонскиот Телеком!?

Југословенската комунистичка историографија признаше  дека македонската нација е најмладата нација на Балканот, изјави поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски во интервјуто дадено за агенцијата Бгнес.

Во тоа интервју, Љубчо Георгиевски фрла дрвја и камења по својот наследник на чело на партијата, Никола Груевски.

Никола Груевски зададе тежок удар со антиквизацијата, вели тој. ВМРО-ДПМНЕ стана пројугословенска партија. 

Обичните луѓе од двете страни на границата се чувствуваат блиски, смета Георгиевски и додава: Ние мора да ги признаеме заслугите на Зоран Заев и неговата желба за пријателство со Бугарија. 

За прв пат еден политичар јавно ја потврди тезата што беше кажана во емисијата Во Центар, дека Бојко Борисов е нервозен поради инвестиции во Македонија кои му биле ветени, а не биле реализирани.

Станува збор за продажбата на Комерцијална банка која требаше да биде купена од бугарски банки блиски на Борисов и за Македонски телеком каде како инвеститор требаше да се јави компанијата Вивател која на крај инвестираше во Албанија.

Слушнав дека бугарските инвестиции и големи проекти се стопирани во нашата земја, вели Георгиевски. Бојко Борисов и Зоран Заев мора да најдат решение и да тргнат кон вистинско приближување. 

Според Георгиевски, бугарското вето ќе им нанесе голема штета на двете земји и ќе ги мобилизира просрпските сили во нашата земја.

Translate »