За една недела започнува менувањето на таблите со новото име

За една до две недели ќе започне менувањето на официјалните државни табли со новото уставно име на Македонија, објави Владата по синоќешната 117-та седница.

Оваа мерка стапува во сила веднаш после ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Република Грција, и кои ја регулираат употребата на новото уставно име согласно амандманите. Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, според најавите на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, се очекува да биде потпишан уште следната недела.

„Согласно овие заклучоци, надлежните министерства, државни органи и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата во предвидениот рок по стапувањето на сила на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите“, гласи соопштението на Владата.

Истовремено и службите за односи со јавност на државните институции ќе добијат упатства како да комуницираат со медиумите. Препораки ќе добијат и општините. 

Translate »