Ќе пукам….или не? Доналд Трамп со нов предлог до Русите!
Русите се збунети, а богами и Американците. Трамп вчера ѝ се закани на Москва со своите “убави и паметни” проектили, а еден час подоцна повторно твитна со великодушен предлог да ја оправи руската економија.
„Проектилите ќе доаѓаат, убави и нови, а и „паметни“. Не треба да сте партнери со животно кое користи хемиско оружје за да ги убива сопствените луѓе и ужива во тоа“, напиша Трамп на твитер, а само час подоцна се премисли:
” Нашите односи со Русија се најлоши досега, вклучувајќи ја и Студената војна. Нема причина за тоа. На Русија сме ѝ потребни да ѝ помогнеме во врска со нивната економија, а тоа ќе биде лесно, треба сите нации да соработуваат заедно. Да ја запреме трката во вооружување?
На Твитер ваквото однесување веднаш го оценија како биполарно пореметување на претесдателот и побараа да се испита неговото ментално здравје. Што сакаше да каже Доналд Трамп на твитер никој не знае, но сите се согласуваат дека на американскиот престедател треба да му се забрани да “твита”, за добро на светскиот мир.