Додик: Би гласал за Трамп, Бајден ги мрази Србите
Членот на претседателството на БиХ и претседател на Република Српска, Милорад Додик, денеска го повторил ставот дека го поддржува Доналд Трамп на претседателските избори во САД и дека неговиот противник е Џо Бајден ги мрази Србите.
„Србите веројатно нема да гласаат за Бајден, кој не ги сака Србите и ги собира околу себе оние кои, доколку дојдат на власт, сигурно ќе бидат насочени против нашата заедница во БиХ, па дури и против Хрватите во политичка смисла“, изјавил Додик пред новинарите во Пелагичево.
Тој навел дека Србите ќе одлучат сами, а доколку некој него го слуша, тогаш тие ќе гласаат за Трамп.

