Во Брисел кружи ,,нон пејпер,, за ставање рампа на преговорите за влез на Македонија во Унијата
Во документот се наведува дека почеток на преговорите е можен дури идната година на пролет.
Според извори на Макфакс, зад негативниот документ не стојат сите земји членки на ЕУ, и документот циркулира меѓу оние кои се против почетокот на преговорите во јуни.
„ За ПЈРМ, и покрај вистинските промени во општата атмосфера во земјата, извештајот не покажува јасен суштински напредок во спроведувањето на Итните реформски приоритети. Имплементацијата на новите судски реформи е “тукушто започната“ и треба долгорочен напредок и континуирана промена во однесувањето. Неопходни се повеќе напори за да се обезбеди регрутација врз основа на заслуги и деполитицизација на јавната администрација (“заробена држава“). Борбата против корупцијата и организираниот криминал се уште не даде задоволувачки резултати: и покрај поставената правна и институционалната рамка, корупцијата преовладува во многу области и продолжува да биде сериозен проблем, додека пак капацитетот на институциите за ефективно да се справат со корупцијата има покажано структурни и оперативни недостатоци, меѓу кои е и политичкото мешање“, пишува меѓу другото во негативната препорака.
Тие аргументираат дека Унијата мора да стане поцврста пред да стане поголема.
„ Пред следните Европски избори, потребно е да размислиме за една стратешка агенда за новиот период кој ќе започне од Пролетта 2019 и да стане појасно што 27-те земји членки сакаат за новата ЕУ. Во овој контекст, сметаме дека условите за отворање на пристапните преговори со Албанија и ПЈРМ не се исполнети.
…
повеќе тука