Проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска: кои животни трендови ги носи годината која доаѓа?

За повеќето луѓе, животот и следната година ќе биде покомплексен и од нас ќе бара прилагодување. Животот и понатаму ќе биде исполнет со индивидуализам и ценење на човекот според материјалното, а желбата да се успее ќе биде уште поизразена. Западниот начин на живот на кој толку многу сакаме да припаѓаме, ќе биде еден од факторите кој ќе придонесува за психичко страдање. Проф. д-р Гордана Ристевска Димитровска специјалист психијатар, дава свое видување за новите трендови во 2022 година, и на што ќе треба да обрнеме внимание.

Анксиозноста е новото нормално

Анксиозноста нема да исчезне. За разлика од нашите родители, баби и дедовци, кои живееле со други вредности, ние денес помалку ќе лутаме, ќе се бараме, ќе откриваме што сакаме, кои ни се границите.

Грижа за менталното здравје

Можеме да се преправаме дека менталните проблеми не постојат, но тие не погодуваат сите и мораме да наоѓаме начини за нивно надминување. Онлајн терапиите за зголемување на самодовербата можат да бидат еден од начините за борба против анксиозноста. Ќе ни треба поголема флексибилност на работните места, и потреба да наоѓаме чести вентили со кои ќе го регулираме стресот.

Хибридниот модел на работа ќе остане

Компаниите ќе се борат да понудат вистинска комбинација од она што го бараат од работниците и од она што можат да им го понудат како придобивки. Работата на далечина и хибридната работа и натаму ќе бидат дел од новата корпоративна флексибилност. Веќе е нормално да имате виртуелна посета на доктор. Да се користи платформа за онлајн психотерапија која гарантира безбедност, дискреција и, пред сé, квалитетна психолошко-психијатриска помош.

Нови технологии

Новите технологии ќе го детерминираат начинот на кој комуницираме. Се повеќе ќе зборуваме за виртуелната реалност, криптовалути, вештачка интелигенција.

Зелена енергија

Изложеноста на зеленило како и шетањето во природата како начин за зголемување на имунитетот и општото ментално здравје, ќе биде повеќе од потребно. Ќе имаме нови хобија, нови приоритети… се ќе биде поразлично

Промена на свеста 

Пандемијата донесе и позитивни промени во смисла дека луѓето сега повеќе се врзани за семејството, домот и повеќе водат сметка за здравјето. Секако на ова рaзлично реагираат различни категории. На пример, за младите ова беше крајно неповолно, им застана „животот”, престанаа да излегуваат, да се дружат. За една жена пак која живее во стресна средина со насилен маж, пандемијата донесе само страв и несигурност. За сите оние воркохолици, кои не знаеја да престанат со работа, пак донесе малку мир, и посветеност за себе и најблиските. Позитивен тренд е што се повеќе луѓе се свртуваат кон природата, читањето, музиката и се она што им го намалува стресот предизвикан од ковид-кризата.

Translate »