Пластифицирани кровни лимови, идеално решение за секоја куќа!
Домот е свето прибежиште на секое семејство. Место каде го поминуваме најголемиот дел од нашето време, каде наоѓаме мир и топлина, каде се опуштаме. Во последно време се почесто се зборува за енергетска ефикасност, и употреба на разни изолациони материјали со цел да се постигнат заштеди на енергија. Особено денес во услови на енергетска криза, и очекувања за поскапувања на струјата.
Дали знаете дека повеќе од 25% од топлината на грејните тела во домот може да се изгуби од покривот?
Да, често забораваме за важноста на кровната конструкција, која ако е стара не штити доволно, протекува вода, и недоволно се заштитени внатрешните простории од надворешните влијанија (дожд, снег, ветер, сонце, високи температури, ниски температури, оган и др) и секако не поставување на соодветната инсталација придонесуваат до големи штети и долготрајни загуби. Протекувањето меѓу старите ќерамиди или испукани (канцерогени) стари салонитни табли, прават штета на целата куќа или објект.
Пластифицираниот лим има огромен придонес во заштедувањето на енергијата преку зима и преку лето. Иако лимот е метал, тој ги рефлектира најмногу штетните УВ зрачења и сончевата топлина.
Денес модерната архитектура ни дава примери за куќи без ѕидови, но нема куќа без кров.
Кровот е конструктивен склоп со кој завршува зградата / куќата или било кој друг објект и е исклучително важен дел на целината. Со поддршка на ФИТР, македонската компанија Кобра-Т набави софистицирани машини, кои произведуваат беспрекорно квалитетни и издржливи пластифицирани кровни лимови, кои се лесни за поставување, брзо се монтираат, а обезбедуваат сигурна и долготрајна заштита и секако долгорочни заштеди во комбинација со соодветна изолација.
Кровот е видлив и однадвор, и претставува важен дел од архитектонскиот и естетскиот изглед на еден објект. Кровните ребрасти лимови од Кобра-Т се долги по желба на купувачот, а се лесни за монтирање.
Воедно во нивната досегашна гама на производи нудат голем избор на профилации, и неодамна го промовираа и новиот производ панел, кој е пласцтифициран лим со веќе вградена изолација од полиуретан.
Добрите градежници и архитекти немаат никакви дилеми во изборот на лимот од кровопокривачки материјали и технолошките новитети во градежништвото кои Кобра-Т постојано ги имплементира.