Вработен во Министерство за правда е еден од силувачите на 13-годишното девојче во Гостивар
Основниот суд Гостивар на три лица осомничени за полов напад врз дете помало од 14 години им определи мерка притвор од 30 денови.
Нивниот идентитет е утвреден. Станува збор за 62-годишен маж А.М., 58 годишен Н.Е. и три години помладиот Б.М.
Според извори од истрагата еден од тројцата е матичар во Министерството за правда во Гостивар и заедно со уште две лица против кои се уште се трага ја искористиле малолетничка со ментална заостанатост. Дека девојчето е силувано потврди полцијата и по направена експертиза на судската медицина.