Ване Цветанов со порака до Груевски што може да прави во затвор
Поранешниот директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам, Ване Цветанов на Фејсбук му порача на екс премиерот, Никола Груевски дека ќе има доволно време во затвор за пишување на книги.
Тој му порачува дека во затвор ќе има време да се едуцира.
Барањето за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ е пратено до комисијата која одлучува за мандатни и имунитети прашања која треба да се произнесе по однос на пратеничката функција за Груевски кој на 8 ноември треба да се јави во затворот во Шуто Оризари. Груевски за слулајот „Тенк“ за набавка на луксузниот Мерцедед треба да одлежи две години затвор.
Груевски смета дека ќе биде неопходен во Собрание.