ЦИА за Србија: Евтина работна сила, корупција, хероин, перење пари
Американската Централна разузнавачка агенција – ЦИА, објавила најнови извештаи за светските земји.
Во извештајот за Србија се наведува дека главни фактори за поволен економски раст на Србија се економските реформи и стратешката локација на државата.
Во извештајот, објавен на сајтот на ЦИА, како поволни фактори се наведуваат и “релативно евтината и квалификувана работна сила” и договорот за слободна трговија со ЕУ, Русија, Турција и земјите членки на Централноевропскиот договор за слободна трговија.

Како главни економски предизвици, ЦИА ги издвоила стагнирачките приходи на домаќинствата, потребата за создавање на нови работни места во приватниот сектор, структурните реформи во државните претпријатија, реформи во јавниот сектор.
Како други предизвици означени се неефикасниот правосуден систем, високото ниво на корупција и стареењето на населението. Во извештајот на ЦИА се споменува дека Србија е “точна на претовар” на хероин од југоисточна Азија кон западна Европа, како и дека има економија “чувствителна на перење на пари”.

Во поглавјето на извештајот кој се однесува на меѓународните проблеми се наведува дека Србија протестира бидејќи САД и други држави ја признале независноста на Косово. Во извештајот понатаму се наведува дека неколку илјади мировни сили, предводени од НАТО и ОН, на Косово продолжуваат да го одржуваат мирот меѓу албанското мнозинство и српското малцинство.
Исто така, се наведува дека Србија и натаму има нерешен граничен спор со БиХ и Хрватска околу границата на Дрина, односно на Дунав, но и некои други нерешени билатерални прашања кои датираат до судирите во 90-тите години.

ЦИА на сајтот објавила и дека Србија, според потрошувачката на одбранбената програма на Војската, се наоѓа на 85. место од 153 светски земји кои се нашле на листата и дека во тоа е пред Хрватска (91), а зад Црна Гора (64). Покрај основните податоци кои се однесуваат на податоците за претседателот и премиерот на државата, државното уредување, географската положба, бројот на жители, климата, сметањето на времето, ЦИА навела дека и странците во Србија не стекнуваат државјанство автоматски со раѓање, туку дека за добивање на овој документ се потребни 3 години.

