Ирска го либерализираше абортусот, го укина амнадманот од 1983 година
Католичката Ирска со огромно мнозинство ја потврди либерализацијата на еден од најтешките закони за абортус во Европа, покажа вчерашниот референдум. За укинување на уставната забрана за абортус, тие гласаа 68 отсто за, a против 32 отсто, според анкетата на 4.000 гласачи спроведена од Ипсос / МРБИ, Ирскиот тајмс.
Ирските гласачи мораа да одговорат дали сакаат да го укинат осмиот амандман на уставот. Со гласање за легализација на абортусот, Ирците имаат право да прекинат несакана бременост до 12-тата недела. Жените чие раѓање е опасност за животот или нивното здравје ќе имаат право да ја прекинат бременоста до 24-тата недела.
Осмиот амандман беше усвоен со референдум во 1983 година.
Со тој закон се ставаше знак за еднаквост меѓу мајката и фетусот и забранува абортус во речиси сите околности. Прашањето е толку важно за Ирците што гласаа дури и оние кои работат или живеат во странство. Католичката црква се огласи против укинувањето на амандманот со образложение дека легализацијата на абортусот е директен начин за решавање на евтаназијата. Противниците на абортусот стравуваат и дека промената на Уставот може да доведе до исчезнување на луѓето со Даунов синдром, како што се случи во Исланд, каде се прават абортуси речиси во 100% од случаите со знаци на овој синдром во ембрионите. / АФП