Тевдовски најавува можен влез на германски инвеститори во Македонија
Министерот за финансии Драган Тевдовски порача дека постои можност за влез на германски компании во Македонија, кои не само што ќе придонесат за развој на економијата туку и ќе обезбедат пристојни плати за вработените
Владина делегација предводена од заменик претседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев, се наоѓа во Германија каде ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.
“Има сериозни германски компании кои се заинтересирани да влезат во нашата земја, имајќи ја предвид позитивната насока во која се движи Македонија и нејзината добра фискална позиција, која ги поддржува инвестициите. Денеска разговаравме на различни теми од макроекономска стабилност, од фискалната позиција, можностите за водење бизнис, транспаретноста – која сериозно ја отворивме и која е препознаена од страна на релевантните меѓународни институции, како ЕУ, ММФ и Светска банка. Инвеститорите особено се интересираа околу понудата на работна сила која ја има Македонија. Ние истакнавме дека има можности овие компании да влезат во нашата земја и да придонесат и за развој на економијата, но и да обезбедат пристојни плати, рече министерот за финансии Тевдовски, кој заедно со
Во моментов околу 200 компании со германски капитал работат во Македонија и во нив има над 20 илјади вработени. Германија е еден од главните трговски партнери на Македонија, а 47 отсто од вкупниот извоз на Македонија во 2017 година беше кон Германија.