Родителите го бутнале петгодишното дете под кола во центарот на Ниш

 

Момчето старо 5 години денеска било повредено во строгиот центар на Ниш. На детето налетал патнички автомобил, тојота.

-Момчето ненадејно излета од толпата, додека  чекаме автобус. За среќа, автомобилот возеше бавно и возачот успеа да закочи. Таткото и маката од никаде  се појавија  на местото на несреќата. Луѓето зборуваат дека детето  од тротарот го бутнале родителите  за да наплатат оштета за синот,  вели очевидец.

Брзата помош го однела детето на хируршка клиника. Лекарите потврдија дека момчето нема сериозни повреди, контактибилно  е, и може да оди.

Полицијата го истражува случајот и околностите под кои се случила несреќата.

 

 

Translate »