Божидар Димитров: Во Македонија се случи голем скандал

 

Тоа што бугарскиот премиер Бојко Борисов одби да го прими Иванов, кој е во посета на Софија, е јасен сигнал дека Бугарија не сака да се меша во македонските внатрешни работи, коментира професорот Божидар Димитров.
“Во Македонија се случи голем скандал, со тоа што претседателот Иванов ги избркa премиерот Заев и министерот Димтров од средбата на која тие требаа да го информираат за името. Доколку Бојко Борисов и министерката Захариева прифатеа да го примат македонскиот претседател, тоа ќе значеше дека фаќаме страна”, посочува бугарскиот историчар Димитров.
Тој тврди дека името на македонскиот претседател е Ѓеорги и дека тој намерно го сменил во Ѓорге за да звучи “ помакедонски”.
Според Димитов , европскиот пат на Македонија може да се оствари на два начини, или македонското општество да се согласи на новото име , за што тој е скептичен , или  вториот начин: ” Бугарија да го олесни давањето државјанства  за Македонците коишто  тоа го сакаат , и така полесно да го внесеме македонскиот народ во ЕУ’’, вели директорот на бугарскиот Национален историски музеј.
Translate »