“Президент” со акција за поголема безбедност во маркетите

loading...

Ново настанатата ситуација наметна потреба од поголема одговорност, солидарност но и претпазливост од страна на компаниите. Со цел  да се избегнат гужвите во маркетите, а и полесно да може да се почитуваат препораките на здравствените работници, за потребна оддалеченост меѓу луѓето, компанијата Лакталис со својот бренд Президент поставија етикети со кои се означува потербното растојание меѓу потрошувачите. По прво поставените етикети, многу брзо интерес пројавија голем број на маркети, а примерот го следеа и други компании.

Президент  етикетите обезбедуваат поголема безбедност и сигурност при процесот на купување, и им помагаат на потрошувачите при чекањето на каса да внимаваат на оддалеченоста. 

Со оваа активност  Лакталис МК  ги поттикнува граѓаните на претпазливост, придонесува кон намалување на гужвата, но и поголема сигурност за сите.

Од компанијата апелираат граѓаните да ги почитуваат овие мерки на претпазаливост, со цел да го зачуваат своето здравје и здравјето на своите блиски, воедно посакувајќи брзо надминување на новонастанатата ситуација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »