Разрешена е директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска -Димоска
Владата го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат.
Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија.
Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот.