Денеска пообилни врнежи од дожд. До кога ќе се задржи ваквото време?

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

Translate »