Катастрафалниот земјотрес во Тајван накриви згради

Катастрофа во Тајван .Слики на опустошување. Урнати или опасно накривени згради, оштетени патишта, мостови… Силниот земјотрес во Тајван особено тешко го погоди градот Хуалијен. Бројот на жртви расте.

Taiwan Erdbeben (picture-alliance/ZUMA Wire/Y. Yuewei)

Потрагата по настраданите во земјотресот во Тајван е продолжена, а досега се најдени тела на 4 лица, над 200 луѓе се повредени, додека 140 се водат за исчезнати.

Земјотрес со магнитуда 6,4 го погоди вчера Тајван во регионот на Хуалијен, каде се урнаа пониските катови од повеќе згради вклучувајќи и два хотела.

Taiwan Erdbeben (Reuters/T. Siu)

Земјотресот е регистриран во 23 часот и 50 минути по локално време (16 часот и 50 минути по централноевропско време), епицентарот бил на 21 километар североисточно од пристаништето во Хуалијен, на источниот брег на Тајван, и бил на мала длабочина од околу 9,4 километри под површината на земјата, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).

Тајванската официјална новинска агенција ЦНА јави денеска дека 4 лица загинале, 225 се повредени, и оти се трага по над 140 луѓе.

Translate »