Во Зимбабве се врати главниот опонент на Мугабе

loading...

Состојбата во Зимбабве добива нови заплети. Морган Цвангираи, поранешен премиер на Зимбабве и еден од главните опоненти на претседателот Роберт Мугабе кој беше отсутен од државата поради болест се вратил во државата, јави Скај њуз.

Армијата на Зимбабве вчера ја презеде власта, нагласувајќи дека се пресметува со „криминалците“ кои го опкружуваат Мугабе (93), кој е на власт откако земјата прогласи независност во 1980 година.

Цвангираи во октомври замина на медицински прегледи во Јужноафриканската република, каде во септември беше лекуван од карцином.

На изборите во 2008 година, Мугабе првпат не доби мнозинство гласови и беше зад лидерот на Движењето за демократски промени на Цвангираи. Неколку дена пред вториот круг од изборите, Цвангираи соопшти дека се повлекува поради притисоци од властите. Мугабе беше повторно избран, но Цвангираи беше назначен за премиер за да се стави крај на политичката криза, која траеше од 2009 до 2013 година.

Генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутереш апелираше на мир и воздржаност во Зимбабве, нагласувајќи дека зачувавањето на фундаменталните права, вклучително слободата на говорот и собирањето се од клучно значење.

 

Translate »