Јанкулоска за местенка испланирана од Милошоски: За ова во затвор се оди, на душа ќе го носиме
Милошоски, според она што му го кажува Јанкулоска на тогашниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, ѝ предложил на Јанкулоска со локални членови на партијата на кичевчанец да му подметнат дома еден куп лични карти, кои веќе ги имал обезбедено. На Јанкулоска ѝ кажал дека таа само требало да прати екипи од МВР и да го апсат човекот.
„Не можеш бе Кире, така да правиш. Кој сака нека è, и Циган и Шиптар последен, на душа ќе го носиш. За ова во затвор се оди. Не можеш вака со местенки, со претреси по дома. Да го наместиш некого за некоја твоја претпоставена работа, не е во ред. Утре оружје таму ќе бараме, судот наредба нема да ни даде“, вчудовидена од Милошоски му се доверува Јанкулоска на Божиновски по телефон кој се согласуваше со неа.
Потоа Гордана зборува за помеки притисоци и му кажува на Кирил:
„Знаеш, индијанскиве работи се прават на молкот. Треба со усул да ги правиме работиве“, со што соговорникот пак се согласува.
…
извор: СДК