Меѓу луѓето во изолација се шири нов тренд на мастурбирање – може да биде опасен по здравјето
Бидејќи карантинот во многу од државите ширум светот владее веќе повеќе седмици, многумина од луѓето се чувствуваат осамени, изолирани, а веројатно и сексуално фрустрирани. Токму тоа може да биде причината зошто луѓето наоѓаат нови начини за самозадоволување, сметаат експертите.
Новото истражување на интернет продавницата „OnBuy“, која што е направена врз податоците на Google пребарувањата, покажува дека луѓето во Англија во текот на карантинот најмногу сакале да дознаат како можат да направат играчки за секс за да се самозадоволат.
Најчесто пребаруваните работи биле: Како да направам вибратор? и Како да направам лубрикант? – овие прашања биле пребарувани дури 23.000 пати.
Тимот од компанијата „Elite Society“ во Лондон, се обиделе да го пронајдат решението па им предложиле на луѓето да ги користат своите мобилни телефони така што ќе си инсталираат апликации за вибрирање, потоа нивната електрична четка за заби, па дури и краставица.
Но, не се согласуваат сите со овие предлози…
Докторка предупредила: Никако да не ги користите тие предмети како сексуални играчки.
Докторката Шри Дата, гинеколог од клиниката „My Healt care Clinic“ за порталот „Mirror“ изјавила дека луѓето треба што порано да престанат да ги користат таквите предмети за мастурбација бидејќи истите може да бидат штетни по здравјето.
„Познато ми е дека луѓето изработуваат сексуални играчки дома во текот на карантинот и дека за тоа ги користат своите мобилни телефони, електричните четки за заби и краставици. Иако ова не е невообичаено, јас би им препорачала да престанат да ги користат таквите предмети поради ризикот од инфекција и компликации“ – заклучила докторката.