Ќе го спасат ли македонскиот туризам домашните туристи!?

Во услови на зголемена неизвесност околу текот на Корона кризата, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот оваа сезона фокусот го става на домашните туристи и подзаборавените македонски дестинации.

Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски за Канал 5 вели дека со кампањата „Дома си е дома“ се надева оти домашните туристи ќе го надминат рекордот од минатите години.   

„Многу повеќе оваа година ни се значајни домашните туристи годинава, отколку минатите, но сепак дома си е дома, и нека биде 2020 да посетиме подзаборавени макеоднски локалитретидомашни “

„Ќе се изменат и патуувањата, со автомобил, на кратки релации…“

Покрај домашните, подготовки се прават и за странските туристи. Аранжманите од странство не се откажани, туку само одложени вели Јаневски. Сепак, годинава во земјава не се очекува голем наплив на гости од странство.

Како Македонија така и земјите од соседството полека се подготвуваат за претстојната сезона. Првите сигнали стигнаа од јужниот сосед. Се зборува дека Грција планира отворање на границите во јули, но за влез во земјата ќе има посебен протокол кој се уште се подготвува.

Поради неизвесноста од траењето на пандемијата и мерките, министерството за транспорт апелира до граѓаните да се воздржат од резервирање авионски билети, со цел да не се изложуваат на дополнителни финансиски трошоци, бидејќи авионскиот сообраќај е се уште затворен.

Translate »