На 6 ноември ќе се разгледува предлогот за одземање мандат на пратеникот Никола Груевски,

Во вторник, на 6 ноември е закажана седницата за разгледување на предлогот за одземање мандат на пратеникот Никола Груевски, објави Собранието на Македонија на својата веб-страница.

Седницата е закажана откако Основниот суд Скопје 1 го извести Собранието дека Груевски е осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања  чиј претседател е Павле Богоевски, треба да одлучи дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратеник и ќе даде препорака. Конечната одлука е на Собранието.

За одземање на мандатот потребно е двотретинско мнозинство.

 

Translate »