Како до поздрави коски по 30-тата година!
Дали знаеш дека штом ќе наполниш 30 години, густината на твоите коски полека почнува да се намалува, со што се зголемува ризикот од кршливи коски подоцна во твојот живот? Намали го ризикот, така што ќе почнеш да ги правиш овие 4 едноставни навики за зголемување на здравјето на коските!
Градењето силни коски во дваесетите години е од клучна важност, бидејќи тогаш густината на коските е најголема. Доколку коските немаат доволно густина на оваа возраст, тогаш се зголемува ризикот од кршливи коски подоцна во животот.
Промените во твојата исхрана и животниот стил, можат да ти помогнат да го намалиш овој ризик. Следуваат четири делотворни навики, за одржување на здравјето на коските!
1. Исхрана богата со калциум
Калциумот го помага одржувањето на минералната густина на коските и здравјето на забите во текот на целиот живот. Бидејќи телото не произведува калциум, мораш целосно да го внесеш преку исхраната.
Зголеми го внесот на калциум со храна како млечни производи, сардини (со коски), тофу, бадеми, лешници и грав. Темниот листсест зеленчук е, исто така, богат со калциум, затоа внесувај многу кељ, кинеско зеље и зелјести растенија. https://mk.oriflame.com/wellness
Ограничи го внесувањето на сол и натриум, бидејќи тие можат да придонесат за намалување на калциумот во коските. Пробај, исто така, да го намалиш и консумирањето на кафе и газирани пијалаци.
2. Движи го телото
Вежбите со тежина се одлични за здравјето на коските.
Кога ја користиш својата тежина за да нанесеш притисок на коските, го
стимулираш нивниот раст и го спречуваш намалувањето на нивната густина
предизвикна од стареењето.
Примери за лесни вежби со тежина што можеш да ги правиш се: скокање јаже, качување на кутија, чучнувања, спортови со рекет и планинарење.
3. Излези надвор
Чувствувај се одлично и зголеми го внесот на калциум, така што ќе излезеш надвор.
Витаминот Д е потребен за апсорпцијата на калциумот во коските. Овој витамин може да се внесе преку исхраната, а телото природно го создава кога кожата е изложена на сонце.
Пробај да поминеш 15-30 минути дневно на сонце или малку повеќе ако живееш на северно место (особено во зима).
4. Консумирај додатоци во исхраната
Внесувањето на потребното количество калциум преку
исхраната може да биде тешко и затоа додаток со калицум може да биде
лесен начин да ги внесеш хранливите состојки што му се потребни на
твоето тело.
Запомни дека квалитетот на твоето здравје зависи од квалитетот на додатоците што ги користиш. Секогаш обиди се да го дознаеш изворот на калциумот.
Ослободи се од грижите и прави го најдоброто за твоите коски!