Незадоволен од медицинската нега отворил оган во клиника: Убил едно и ранил четири лица
Американецот Грегори Улрих, незадоволен од медицинската нега, отворил оган при што убил едно лице, а ранил четири. Нападот се случил во клиниката “Алина” во местото Бафало, Минесота, соопштиле денеска американските власти.
“AP” наведува дека три лица се во стабилна, но тешка состојба, а дека четвртиот повреден е пуштен дома од болница.
Властите соопштиле дека Улрих, кој е од Бафало, бил уапсен непосредно по инцидентот.
Во текот на претресот на клиниката, властите пронашле сомнителна направа и ја евакуирале зградата.
Не е познато дали направата била активирана, но на снимките од локалните телевизии се гледа дека прозорците од клиниката се уништени.