Ги дои своите деца и го продава вишокот: Нејзиното млеко го бараат и бодибилдери
31-годишната Елизабет Андерсон-Сиера, мајка од Портланд, проценува дека освен своите деца, нахранила и околу 250 други бебиња со сопственото млеко, кое го дава или продава по пат на Фејсбук.
Таа наплаќа еден долар за 30 милилитри млеко и тврди дека е неофицијално светски рекордер по број на донации. Официјалниот Гинисов рекорд изнесува 1502 литри, но Елизабет тврди дека досега донирала околу 6000 литри. Доилката има синдром на хиперлактација кој предизвикува производство од речиси 7 литри млеко на ден. За споредба, тоа е 8 пати повеќе од просекот.
Продажбата и приватната донација на мајчиното млеко е воглавно нерегулирана, но доилката е одговорна ако нејзините донации предизвикаат било каква штета или болест.
“Доилките низ историјата хранат и деца кои не се нивни. Постојат жени кои произведуваат толку многу млеко што буквално можат да нахранат цело село”, вели д-р Линда Дал, експерт за доење од Мидтаун.
“Јас не се трудам да остварам профит. Луѓето мислат дека многу заработувам, но всушност парите ми помагаат во одржување на она што го правам”, вели Елизабет.
Мајката вели дека секојдневно добива чудни барања.
“Го продавам моето млеко и на бодибилдери бидејќи велат дека им помага во зголемување на мускулната маса”, вели таа и додала дека имала проблем и со кражби па затоа поставила камери на местото каде што ги чува залихите.
“Секогаш ми е задоволство да им помагам на другите колку што можам. Ова е нешто што спасува животи”, заклучила донаторката која го чува млекото во големи фрижидери во својата гаража и се поврзува со клиентите по пат на социјалните мрежи.