Оваа билка ги фасцинира и лекарите: Докажано го јакне имунитетот и ги убива сите вируси

loading...

Потекнува од Северна Америка, од каде и дошла во Европа. Северноамериканските домородци ја користеле аронијата како храна и лек.

По експлозијата во Чернобил, аронијата била користена за ублажување на последиците од радијацијата во што била и повеќе од успешна, а за таа примена се користи и денес. 

Како исклучителен антиоксиданс, аронијата го спречува создавањето на слободни радикали и нивниот “напад” на здравите клетки во телото и крвната плазма, забавувајќи го процесот на стареење на организмот и спречувајќи развој на хронични болести.

Аронијата ефикасно го прочистува човечкиот организам од штетните материи и тешките метали и затоа е корисна превентива против малигните заболувања.

Многу студии докажале дека аронијата има антиканцерогено дејство бидејќи во голем процент ги уништува малигните клетки на туморот на мозок, белите дробови, дојките, дебелото црево и црниот дроб.

Според стандардите “ORAC” и “TEAC”, аронијата има најголемо антиоксидативно дејство од сите бобинки и јаткасти плодови. Таа е богата со антиоксиданси, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамините Б, Ц и Е. Поради високиот удел на антиоксиданси и витамин Ц и Е, аронијата делува антивоспалително, антивирусно и антибактериски.

Покрај наведените витамини, драгоцениот сок од аронија во себе содржи и минерали како калциум, калиум, манган, железо, јод, фосфор и цинк кој особено влијае на јакнење на имунитетот.

Најдобро би било да користите сок од аронија секое утро за да го зајакнете имунитетот. Овој сок можете да го купите и во продавница, но најдобро е да го припремите сами.

Потребни состојки:

2 килограми аронија, еден литар вода, 800 гр. шеќер и еден свежо исцеден лимон.

Начин на припрема:

Ставете го шеќерот и водата во сад и ставете го садот на тивок оган, со повремено мешање. Кога водата ќе зоврие, додадете ги свежите бобинки аронија.

Константно мешајте сè додека не почнат да вријат. Додека го мешате сирупот, притискајте ги бобинките за да се ослободи што повеќе сок од нив. Кога ќе ја достигне точката на вриење, оставете го садот уште неколку минути на тивок оган, а потоа тргнете го и оставете да се излади.

Процедете ја добиената содржина и вратете ја на шпорет уште еднаш да проврие. Потоа тргнете ја од оган и во неа додадете го сокот од еден лимон. Сè добро промешајте и ставете го добиениот сируп во стаклено шише кое претходно ќе го стерилизирате.

Сирупот чувајте го на темно и студено место и консумирајте по потреба. Консумирајте го разреден со малку вода.

Translate »