Девојка уапсена на плажа поради голотија: „Не сум гола, секој ден вака доаѓам на плажа“
Видеото од апсењето на оваа девојка поради конфликтот кој го предизвикал нејзиното бикини, станало вирално на социјалните мрежи.
На снимката се гледа Сем Пенда како вербално се пресметува со полицијата околу правилникот за носење бикини, за кој што полицијата тврдела дека го прекршува, а набрзо потоа следи кадар од тоа како полицијата со лисици на рацете ја носи девојката од плажата.
„Ова секој ден го носам на плажа“ – ѝ вели таа на полицијата.
Покрај снимката која што ја објавила на социјалната мрежа Фејсбук и која што веднаш привлекла големо внимание, оваа девојка објаснила како започнало сè:
„Исто така само да појаснам. Жената повика полиција поради мене и моето бикини. Така започна сè. Некој одлучил да зборува дека моето тело дека е навредливо за нив и му покажал на своето дете дека неговото тело еден ден може да биде причина за апсење“ – напишала Сем покрај снимката која што ја објавила.
Кога полицајците ја однеле и неа и пријателката од плажата, им прочитале уредба во која што пишува дека незаконски е да се појавиш гол на било која јавна плажа.
„Не сум гола!“ – се бранела девојката.
Во округот Хори, каде што се наоѓа и оваа плажа, бикините кои што вклучуваат танга се сметаат за непристојно издание и се јавно забранети.