Земји кои најмногу вложуваат во спорт по глава на жител!
Луксембург е земја членка на Европската Унија која издвојува најмногу пари за спортска рекреација на своите граѓани по глава на жител, дури 492 евра, додека Хрватска и Бугарија 13 и 16 евра по човек, се земји со најмалку трошоци за рекреативни содржини, објави Eurostat.
Канцеларијата за статистика на ЕУ по повод почетокот на Европската недела на спорт изјави дека податоците за 2017 година укажуваат дека државите, локалните власти и социјалните системи на Унијата вкупно потрошиле 51,3 милијарди евра за рекреација и спорт.
Оценувајќи го трошењето за спортски активности во однос на процентот на бруто домашниот производ, Унгарија е на врвот на табелата со 2,5 проценти од БДП. Хрватска и според овој начин на мерење е на дното на табелата, со оглед на тоа дека за рекреација издвојува околу 0,2 проценти од домашниот производ.
Земјите кои во Еврозоната се најистакнати за организирање спортски активности се, како и претходните години, скандинавските земји и земјите од Бенелукс.
Само три земји издвоиле над 200 евра по глава на жител – Луксембург, Шведска и Финска.