Возило удри во оградата пред Британскиот парламент, има повредени (Видео)
Неколку лица се повредени откако автомобил влета во безбедносните бариери поставени пред зградата на Британскиот парламент. Полицијата го уапси возачот. Инцидентот се случил утринава во 7.30. Скотланд Јард засега нема информации дали се работи за терорристички напад.
Околу Парламентот е засилено обезбедувањето, а згрдата е затворена.
” Имаше само еден автомобил. Го видов како влета мегу пешаците и ми изгледаше дека намерно го направил тоа. Се изненадив бидејќи полицијата не реагираше веднаш. Како да се колебаа, во смисла што ќе се случи понатаму?! Не знам дали мислеа дека тоа е некое предупредување, најава за бомба…Сега овде има 200 полицајци, се се случи многу брзо , за половина часа се беше завршено, изјави сведок за Дејли Мејл.