Продолжува судењето на 6-те службенички во УБК за уништивање на документи
Денеска продолжува судењето за шесте службенички во УБК и за ексшефот на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски во случајот на СЈО, „Тврдина 2“. Денеска СЈО на судот треба да му достави од Одделот за потраги во МВР официјално известување дека обвинетиот Горан Грујевски е во бегство, заедно со сведокот во овој случај, Никола Бошковски.
Според обвиненито, Грујевски и шестмина службенички во Управата за безбедност и контраразузнавање се обвинети за уништување на службена документација и за фалсификување на службени исправи во случајот, кој според СЈО, е поврзан со уништувањето на доказите за нелегалното прислушување кое се одвивало во државата.
Горан Грујевски веќе трет месец е во бегство. Министерот Оливер Спасовски неодамна изјави дека МВР секојдневно добива нови сознанија за можната локација каде што се крие.