Вујовиќ со порака до македонските власти: Вардар НЕ СМЕЕ да згасне!
Додека Македонија е во транс и ги слави своите ракометни херои, од целиот Балкан и ракометен свет пристигнуваат честитки до ракометарите на Вардар.
Ракометарите на Вардар остварија уште еден огромен успех – по втор пат ја освоија шампионската титула во Лигата на шампионите, а додека сите го слават херојскиот подвиг, исто така и многумина се прашуваат што ќе биде со клубот во иднина.
Поранешниот тренер и голем навивач на скопски Вардар, Веселин Вујовиќ синоќа после триумфот на Вардар, од студиотот на „Арена“ во Белград испрати порака до македонската Влада и Град Скопје.
„Ова е порака за цела Македонија. Мора да биде во статутот на земјата дека Вардар не смее да згасне“, порача големиот „Вардарец“ Веселин Вујовиќ.