Ресторан Бакал за врвно гастрономско уживање!

Во последните неколку години подготовката на вкусна традиционална храна и десерти во земјава се издигна на високо ниво, а Македонија стана една од најпосакуваните дестинации на сите гурмани од Балканот. Една од причините за тоа е врвната гастрономска  понуда  во ресторанот Бакал во с. Брвеница кој нуди врвно уживање за сите сладокусци.

Храната е во срцето на секојдневниот живот на луѓето, која денес не фасцинира повеќе од било кога. Посебно кога е подготвена со гастрономско искуство и фантазија, од најдобрите состојки, и кога е свежа и убаво сервирана како во ресторан Бакал.

 Во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras, magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка меленана камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

А кога добрата храна подготвена од врвните кулинарски мајстори е комбинирана со одличен амбиент, задоволството и среќата доживуваат кулминација.

Дефинитивно ќе се упатите кон Бакал во најскоро можно време!

Translate »