Која е згодната блондинка која во танга влета на терен на финалето на ЛШ?

За време на финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем кое се играше на „Ванда Метрополитано“, на терен влета блондинка во танга, која го привлече вниманието на светот и ги собра симпатиите поради сексапилниот изглед.

Која е таа?

Се работи за 22-годишната Американка Кинси Волански, која влета во Мадрид во костим за капење и ги покажа своите облини пред јавноста. Но, истовремено направи и реклама, на Интернет-страницата на познатата Јутуб-ѕвезда Виталиј Здороветски, кој воедно е и нејзино момче.

Кинси е модел, а на Инстаграм има повеќе од 300.000 следбеници. Се испроба и во филмските води, затоа што глумеше во филмот „Слашер парти“ минатата година.

Слично нешто направи и нејзиното момче Виталиј, кој за време на финалето од Светското првенство во Бразил во 2014 година исто така влета на терен, се рекламираше себеси и приреди прекин.

Translate »