Ова е тајната на „вечната младост“ на Путин

Долгиот сон, правилната исхрана и спортувањето се меѓу бројните здрави навики кои му помагаат на Путин секогаш да биде во форма, пренесува шпанскиот весник „Ел Мундо“.

Шпанскиот весник оценува дека Путин на свои 66 години не само што „не личи на дедо“, туку изгледа и подобро од пред 10 години.

„Најактивниот претседател кој го имал Кремљ е страствен љубител на хокејот, носи црн појас во џудо, вљубеник е во пливањето и планинарењето. Американските медиуми го нарекуваат „алфа мажјак“, додека пак Викиликс откри дека американските дипломати го нарекувале „Бетмен“ во нивните преписки“.

Шпанскиот весник додава дека рускиот претседател уште како дете сакал боречки вештини, а тоа го заштитило од лошото друштво, пушењето и конзумирањето на алкохол.

Неговата поранешна сопруга го опишала како човек кој сака да работи, но сепак Путин не сакал рано да се буди. Тој кога се буди, најпрвин врши неколку неодложни обврски, а потоа оди во теретана и базени – во едниот базен температурата е на +43 степени Целзиусови, а во другиот +13.

Шпанскиот весник заклучува дека во овој момент тајната на вечната младост на рускиот претседател е во тоа што тој долго спие, не конзумира алкохол, правилно се храни и од време на време плива во ладна вода.

Translate »