Македонската храна и пијалоци се најевтини во Европа
Во Европа, храната и безалкохолните пијалоци се најевтини во Македонија.
Oва го покажуваат податоците на Евростат.
Прехранбените продукти минатата година во земјава се продавале за околу 35% поевтино од нивната просечна цена во државите од Европската Унија. По најниски европски цени се продаваат млечните производи, овошјето и зеленчукот, како и месото и рибата.
Во зависност од тоа какво месо или риба консумираат, граѓаните имаат различно мислење околу цените. За некои, пак, квалитетот е поважен од цената.
Повисоки цени на прехранбените продукти има во сите држави од соседството. Меѓу земјите со најевтина храна и безалкохолни пијалаци се и Романија, Полска и Турција. Најскапа е храната во Норвешка и Швајцарија.