Четири работи кои често забораваме да ги направиме кога одиме на зимски одмор
Со нетрпение го чекаме зимскиот одмор, скијање, чист воздух, топло чајче, дружење со најблиските. Да побегнете од смогот и загаденоста во градот, од бучавата и секојдневниот стрес.
Неколку месеци го планирате зимувањето одморот со цел се да помине во најдобар ред. Ја избравте локацијата, периодот, ги планираме потребните работи кои треба да ги понесете, времето на поаѓање, ги проверувате пасошите, патничкото осигурување. Најчесто најмногу време губиме при изборот на облеката што ќе ја носиме, и многу други потребни и непотребни работи кои ги полнат нашите куфери.
Но постојат неколку работи на кои често забораваме, а кои многу лесно можат да ни го расипат одморот, бидејќи зимувањето на планина, честопати подразбира возење во зимски услови, на снег, на дождлив, лизгав коловоз, што бара посебно внимание и предходна проверка на исправноста на вашиот автомобил.
Што треба да провериме
Состојбата со гумите.
Забораваме дека од нивниот квалитет и исправност зависи нашата безбедност, како и тоа дека неквалитетната и неисправна гума е како темпирана бомба, која го чека најчесто најнеповолниот момент. Исклучително е важно пред одмор да се провери нагазниот слој на тркалата, центрирањето и притисокот во пневматиците, како и нивната ротација, и секако летните гуми да се заменети со зимски. Повеќе на kupiguma.mk Ротацијата се препорачува на секои поминати 8.000-10.000 километри, со цел нивно рамномерно трошење.
Гумите кога се во добра состојба даваат сигурност и стабилност во возењето, овозможуваат навремено да се закочи и брзо да се реагира. Затоа треба да бидат квалитетни, да се набавени од овластени компании http://tranzit.com.mk/ кои обезбедуваат и гаранција за квалитетот.
Проверка на воздушните перничиња.
Пред да се патува потребно е автомобилот да се однесе на проверка во сервис. Мора да бидеме сигурни дека перничињата се исправни и дека може да не заштитат од евентуална незгода.
Осигурување.
Патничкото осигурување покрива многу малку работи кога сте во странство и треба добро да се информирате што се вклучува, а што значи да имате и здравствено осигурување.
Пари во плакарот.
И секако никако не ја оставајте ја дома својата заштеда, зошто празен дом е лесна мета за крадците. Однесете ја во банка, орочете ја на краток рок.