(Видео) Путин ѝ порача на Европа: „Сакате гас? Тешко ви е? Само притиснете го копчето“
Претседателот Владимир Путин негираше дека Русија има некаква врска со енергетската криза во Европа.
Тој рече дека ако Европската унија сака повеќе гас, треба да ги укине санкциите што го спречуваат отворањето на гасоводот Северен тек 2, пренесува Ројтерс.
Говорејќи пред новинарите по самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, Путин за енергетската криза го обвинил она што го нарекол „зелена агенда“ и инсистирал на тоа дека Русија ќе ги исполни своите енергетски обврски.