(Видео) Илјадници крокодили снимени на плажа во Бразил, луѓето во паника: „Нормално ли е ова?“

Видеото од Бразил на кое се гледа плажа преплавена од илјадници крокодили, вознемири многумина.

Видеото на Твитер го споделил познатиот радио водител Кен Рутковски.

„Во Бразил владее наезда на крокодили. Стотици, па и илјадници од нив преплавија една од плажите, а локалното население е во паника“, напиша тој.

Оваа снимка ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.

„Што се случува?“, „Нормално ли е ова?“, „Можеби климатските промени влијаеле на ова“, се само дел од коментарите.

Познавачите на однесувањето на крокодилите велат дека тоа е сосема нормално.

„Ова не е крајбрежна плажа, туку плажа во мочуриштето Пантанал, кое е дом на 10 милиони кајмани“, објаснил еден корисник под видеото, додавајќи дека крокодилите всушност се во нивната природна средина, односно не влегле на човечка територија.

„Ова не е инвазија, нема потреба од паника“, вели друг корисник на Твитер, за да ја смири јавноста.

Translate »