Клонирани се првите мајмуни (Видео)
Во лабораторија во Кина, пред неколку недели, се клонирани две мајмунчиња, со помош на техниката со која е клонирана овцата Доли. Тие се генетски идентични и засега се развиваат и напредуваат одлично, соопштија од лабараторијата. Тие дури добија и имиња : Зонг Зонг и Хуа Хуа. Кинеските научници тврдат дека мајмуните се клонирани со цел врз нив да се вршат истражувања за разни генетски заболувања , вклучувајки го канцерот и аутоимуни болести. Но, според други научници, ова би можело да биде прв чекор кон клонирање на човечки суштества.