Никола Љушев: во дигитално време една од клучните бизнис алатки е е-трговијата
Македонски Телеком учествуваше на првата македонска конференција за електронска трговија
Денес во Скопје, во хотел Мериот се одржа првата конференција за електронска трговија: „e-commerce: eFuture for eMacedonia!”
На една од панел дискусиите учествуваше Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев, кој истакна дека во дигиталното време една од клучните бизнис алатки е е-трговијата и токму затоа потребно е да се направат потребните прилагодувања во регулативата со што ќе се унапредат дигиталните процеси.
Според него, примената на услугите за е-трговија е во подем, а стратегијата на Македонски Телеком, како пионер во оваа област е да биде сериозен, доверлив и безбеден партнер за имплементација на дигитални решенија и услуги.
И покрај тоа што користењето на каналите за онлајн продажба и користењето на мобилната апликација Telekom МК е зголемено последнава година, Телеком планира да си постави уште повисоки цели за 2019 година и да го зголеми бројот на корисници на мобилната апликација Telekom МК на 50%, а продажбата преку онлајн каналите за 15%. За наредната година се планира да се пушти и новата, подобрена верзија на Telekom МК апликацијата со нови функционалности, преку која корисниците можат лесно и во движење да управуваат онлајн со своите комуникациски услуги.
Македонски Телеком во текот за наредните години планира да сите услуги и производи да бидат достапни преку различни онлајн канали, првенствено преку мобилниот телефон, за да се обезбеди брз, едноставен и безбеден начин за управување на услугите, како и за зголемена транспарентност во поглед на користењето на услугите.
На конференцијата учествуваа триесетина домашни и интернационални говорници: делегати, претприемачи и основачи на средниот менаџмент, како и извршни директори на компании и институции.