Атлантик Група: Посветеност на вистинските вредности и одговорното работење дури и за време на пандемија
Неколку месеци по прогласувањето на глобална пандемија, сфативме дека светот е навидум толку напреднат и подготвен на сѐ, а сепак толку склон на тотален колапс. За некои луѓе дури и самата егзистенција беше отежната, со неможноста да ја вршат својата работа, со губење на работните места или намалување на приходите, а токму тоа ја потенцираше потребата за покажување на општествената одговорност, особено од големите претпријатија и корпорации, кои се предводници на трендовите на пазарот. Низ морето од компании, се издвоија некои кои поставија позитивен пример за останатите им помогнаа на своите вработени и сограѓаните од поблиската заедница полесно да ги пребродат овие неколку месеци на неизвесност.
Повеќе од 50 години општествената одговорност (ОО) е најдоброто мерило за тоа колку претпријатијата се подготвени да работат за општеството, односно за заедницата во која опстојуваат. Но, додека во изминатите години на ОО се гледаше како на составен дел од проширувањето и растењето на бизнисите, веќе во првиот квартал од 2020 година фокусот се префрли на спасување и стабилизирање на бизнисите, кои беа погодени од глобалната пандемија предизвикана од Covid-19. Поголемиот дел од компаниите беа приморани да се приспособат на новите услови, а тоа значеше значително кратење на трошоците, што неретко резултираше и во отпуштање на дел од вработените, затворање на производните погони и прекин на дистрибуцијата на стока. За повеќето претпријатија приоритетот престана да биде општествената одговорност, туку борбата за егзистирање на пазарот и одржување на компанијата „во живот“. Сосем очекувано, некои компании беа подобро подготвени да се справат со ваква ситуација, а тоа и го покажаа во изминатиот период. Една од нив е „Атлантик Група“, која на ниво на целата корпорација покажа дека во ниту еден момент, дури ниту во најтешките ситуации, нема намера да заборави на сопствените принципи како општествено одговорна компанија како пред вработените, така и пред целата заедница во која работи и опстојува.
Посветеноста кон општествената одговорност може да се забележи во секој сегмент од работењето на Атлантик Група, и тоа не само во периодот на пандемија, туку и низ целото нејзино постоење. Преку воспоставување на долгорочни одговорни пракси и здраво работно опкружување, Атлантик Група се залага за одржлив развој, и токму затоа уште одамна одлучи да преземе конкретни чекори за зачувување на животната средина, совесно и етичко користење на енергетските извори, правилно одложување на отпадните води и материјали, па сѐ до производство на еколошки пријателски производи со внимателен извор на суровини и амбалажен материјал, придружено со иновативна и одржлива поддршка за локалната заедница. А, крајната цел се вработените и потрошувачите на Атлантик Група, како и сите останати стејкхолдери и општествени заедници во кои работи компанијата.
Вработените во „Атлантик Група“ најдобро можат да сведочат за статусот на нивниот работодавец во општествено-одговорната сфера, бидејќи тие од прва рака ги чувствуваат придобивките од работењето во една ваква компанија. За време на самиот почеток на пандемијата, „Атлантик Група“ одлучи дека безбедноста и здравјето на нивните вработени ќе биде апсолутен приоритет и никогаш не се обиде да направи компромис околу тоа. Сите вработени чија работа можеше да се врши од дома, како и оние вработени кои беа дел од ризичните групи добија можност да работат од дома, а за оние кои останаа на своите работни места беше обезбедена максимална заштита со цел тие да се чувствуваат сигурни. Атлантик група Група и вообичаено спроведува протоколи според највисоките стандарди за заштита и безбедност на храна, како во производството, така и во текот на дистрибутивните и логистичките процеси, а во услови на епидемија беа воведени и дополнителни строги мерки и посебни протоколи за работа за заштита на здравјето на сите вработени и нивните најблиски. Исто така, сите вработени кои продолжија да работат во производниот и дистрибутивниот сектор добија стимулација од 15% на платата, како што беше случајот во фабриката „Гранд кафе“ во Скопје, која успеа да обезбеди правовремено производство и дистрибуција на производите до потрошувачите, дури и во вонредни услови.
„Навремено беше обезбедена заштитна опрема (маски, ракавици и одела онаму каде што беа потребни) која се применуваше според јасно дефинираните упатства за употреба, а беше обезбедена и почеста дезинфекција на сите простории и погони. Освен превентивната работа од дома, вработените имаа можност да се определат да ги чуваат нивните деца на возраст до 12 години, како и можност за платено вонредно отсуство за вработените кои не беа во можност да ја извршуваат својата работа“, изјави Перица Вичишки, генерален директор за дистрибутивнaта област Македонија во „Атлантик Група“.
Корпорацијата го слушна гласот на сите локални пазари каде оперира, па покрај вообичаеното вложување во заедницата, во изминатиот период донираше вкупно 3,7 милиони евра како помош за здравствените установи, како и на локалните кризни штабови и институции кои ги координираат активностите за отстранување на заразата и заштита на населението на сите пазари на кои е застапена. Но, клучно за „Атлантик Група “ беше брзото приспособување на новонастанатата ситуација, кое во голем дел беше овозможено од добрата комуникација помеѓу вработените, сфаќањето на важноста на нивната дејност и посветеност кон задоволување на потребите на потрошувачите.
„Ситуацијата која ја предизвика пандемијата беше голем тест за сите нас. Во овие неизвесни времиња потрошувачите бараа сигурност во брендовите на кои им веруваат, а нашите тимови се осигураа дека потрошувачите можат редовно да се снабдат со нашите брендови и главниот фокус беше тие да бидат достапни и блиски“, додава Вичишки.
Атлантик Група е уште еден позитивен пример за општествено одговорна компанија која ги промовира вистинските вредности и има за мисија да ги пренесе истите принципи на целата заедница. Тоа е корпорација која ja препозна важноста и потребата на сопственото влијание кон подобрувањето на општите социјални услови и со тоа систематски се стреми да ја прилагоди својата стратешка определба кон корпоративната општествена одговорност во сите свои сегменти на регионалните услови и потребите на земјите во кои работи, од одговорност кон вработените, деловните партнери, финансиската заедница, животната средина, се’ до одговорноста пред јавниот сектор и пошироката заедница. Поради тоа, долгогодишната врска со заедницата и околината ја направи Атлантик Група она што е денес – стабилна компанија која не се плаши од промени и која непрекинато се развива и расте. Ако изминатите неколку месеци ни покажаа нешто, тоа е дека на светот му се потребни уште повеќе општествено одговорни компании кои во пракса ќе ја покажат нивната грижа за заедницата во која работат, преку акции и активности кои ќе имаат позитивно влијание на целото општество.