Починала и спасила 8 луѓе

По смртта на 13-годишната Џемима Лајзел, нејзините органи биле донирани на  8 луѓе кои без тие трансплатации сигурно би умреле, известуваат британските медиуми. Малата Џемима починала од мозочен удар и тоа токму кога семејството се подготвувало да го прослави  роденденот на  мајка ѝ. 
“Одлуката да ги донираме нејзините органи беше многу тешка” – изјавија нејзините родители.Неодамна, едни наши пријатели имаа тешка сообраќајна несреќа и се најдоа во слична ситуација.
 Трансплатацијата беше неопходна и тогаш со Џемима разговаравме на таа тема.
Џемима со сестра ѝ

 

Мислам дека постапивме правилно и дека ова ќе беше и нејзина желба, објаснува мајката.  Срцето, панкреасот, бубрезите, белите дробови, црниот дроб, тенкото црево веќе се трансплатирани кај пациентите, од кои пет се деца. Минатата година во Британија починале 500 луѓе, чекајќи на трансплатација.

 

Translate »