Се огласи Апасиев: Сите ќе ве стреламе!

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев предмалку се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“ откако стана јасно дека партијата добива најмалку еден мандат во идниот парламентарен состав.

Со нешто помалку од 5% гласови, политичката партија Левица освои мандат во Изборната единица 1 каде што беше носител токму Димитар Апасиев.

Во пресрет на официјалните резултати кои се очекува да ги објави Државната изборна комисија, Апасиев се огласи на „Фејсбук“ и порача: „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“.

Translate »