Почина Тоше, момчето за кое не се собраа 32 000 евра да замине во Турција на лекување

Ова е последниот пост на Тоше Илиевски. Момчето кое само собираше пари и апелираше да му се помогне да замине на лекување во Турција почина. Еве како пишуваше на социјалните мражи а неговата слика со молбата за помош ја имаше насекаде. Но не успеа да замине на лекување. Почина од тешката болест. А му беа потребни 32 000 евра. Ова беше  неговиот последен апел.

Почитувани, моето име е Тоше Илиевски, имам 30 години и боледувам од Non- Hodgkin’s lymphoma, или карцином на лимфни жлезди. Подари високите финансиски трошоци и покрај многуте прегледи и лечења кои ги плаќам лично, би Ви би бил благодарен на сите хумани луѓе да дадете доброволен прилог за да можам да ги платам и останатите лечења, а имам и можност за лечење во странство.

Неговите пријатели пишуваат и се простуваат на неговиот профил.

Translate »