Шекеринска: Многу малку оружје до сега купувавме од САД

До поканата за ченство во НАТО во 2008-ма година Македонија трошеше 2,17 отсто од Бруто домашниот производ за армијата, изјави вицепремиерката Радмила Шекеринска во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ, одговрајќи на прашањето како земјата ќе успее да ги задоволи барањата за модернизација на одбраната како 30-та членка на Алијанста.

Министерката за одбрана ги искоментира како прејудицирани тврдењата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за „Московски комсомолец“ дека Македонија ќе мора да купува американско оружје и да му дозволи на САД изградба на воени објекти и милитантна инфраструктура кога „ќе биде втурната во НАТО“.

– Колку што е познато, досега ние многу малку купувавме оружје од САД, а голем дел од она што сме добиле од нив е донација за македонската армија. Секоја држава троши пари за одбрана и во мирнодопски и во постегнати времиња, рече Шекеринска.

За тоа што Франција и Холандија имаат резервиран поглед кон додеувањето на датум за преговори од Европската комисија на Македонија тврди дека во тие земји традиционално преовладува наратив дека Европската унија не треба да се проширува,а не дека имаат против токму само нашата земја да не биде вклучена бидејќи наводно „не ги исполнува критериумите“.

За тоа што СДСМ иако во изборната програма има ветено дека ќе овозможи опозицијата да го одбира главниот јавен обвините па сега ретерира, тааа тврди дека тоа се должи на мислењата од Рајнхард Прибе и Венецијанската комисија дека политиката воопшто не треба да се меша во политиката. Според тоа, првиот обвинител не треба да го предложуваат ниту власта ниту опозицијата.

За претседателските избори вели дека во вториот круг треба да се постигне цензусот од 40 отсто бидејќи во спротивно тоа ќе биде штета за државата и ќе се засили негативниот став кај оние што со скептицизам гледаат на Македонија во Европа.

Translate »