Добродојдовте во виртуелната реалност?
Транспарентноста на компаниите е најголемото очекување од корисниците во денешно време. Токму затоа со цел да покаже уште поголема отвореност и да ги приближи своите услуги до корисниците компанијата Инбох креираше иновативна веб страна http://www.inbox.com.mk/ , каде секој посетител преку виртуелна тура може да се запознае со иднината на модерното административно работење.
Виртуелна тура, Физичкa архивa, Е-Архива, Архивски сеф, Дигитализација се сегментите на новата веб страна на Инбох, преку кои на иновативен начин можеме да се запознаеме со “безхартиената„ канцеларија и да ја искусиме вредноста на “виртуелните полици„
Да се запознаеме со Инбох иновативниот систем за архивирање кој обезбедува брза и лесна достапност на информациите, целосна контрола над документацијата овозможувајќи им на компаниите да ја подобрат својата организациска ефикасност. http://www.inbox.com.mk/Virtual-Tour
Станува збор за успешна бизнис иновација на македонскиот пазар, која е спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира 3 технологии. Инбох не е 100% физичка архива ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност. https://www.youtube.com/watch?time_continue=357&v=Bs__4T4y7F8
Документите кога се чуваат во подруми и на полици можат да се изгубат, оштетат и секој да има пристап до нив, без ваше знаење. Инбох е практично решение за архивирање на вашите документи и нивна поголема достапност и безбедност. Овозможува брзо и ефикасно да се добие еден документ, без притоа да мора да се стане од работното биро, и да се оди по ходници, катови и подруми за барање на документите. Она што е посебно важно е фактот дека обезбедува највисока безбедност и комплетна контрола на документот.
“Оригиналот е еден и тој најстрого мора да се чува во безбедносно депо. Од него се прави електронска копија која може да се употребува само доколку имате авторизација да ја користите. Не можете да станете, да отидете до документот и да си го земете, отворите и употребувате бидејќи документот не се наоѓа кај Вас. Тој се наоѓа во Инбох, а за да го добиете ќе мора да го побарате, а тогаш ќе се утврдат привилегиите за пристап, потоа се прави запис за барањето што ќе остави трага, и така се креира можност за тотална контрола кој, кога и што барал”, истакнува г. Стојче Тасков, креатор и сопственик на Инбох.
Кога барате документ, дали навистина ви треба документот или ви требаат информациите што се напишани во тој документ? Во 95% од случаите ви требаат само информациите, а не самиот документ како парче хартија. Тоа е смислата на ИНБОХ, тој многу организирано и ефикасно, електронски ги копира информациите и ви ги доставува без физички да се движи документот – се разбира доколку не ви треба оригиналот. За да може да функционира моделот, претходно е потребно да се изработи електронски регистар на архивата каде ќе се запишат и мапираат архивските планови на клиентот и неговите пребарувачки индекси, додава Тасков
Достапноста на информациите, како и безбедноста на документите и контролата врз нив, се главните вредносни компонети на бизнис моделот на Инбох, истовремено и многу рационална причина клиентите да соработуваат со Инбох.
Голем дел од успешните бизниси и институции во Македонија започнаа да го користат овој иновативен систем, длабоко уверени во неговите вредности. Инбох е изграден на Американска технологија за управување со хартиени и електронски документи – ENVISION. За 5 години постоење, создаде капацитет од 35.000 м3 специјализиран простор за архивски депоа, поседува технологија за дигитализација на сите можни видови документи, од бизнис картичка до А0 и поголеми формати, како и технлогија за ласерско и 3Д дигитализирање на вредни документи, микрофилмски скенери, скенери за Ренгенски и други транспарентни документи.
Тел. +389 22580 100
078 494 401
contact@inbox-datacenter.com