ССМ: Работниците да не потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос

Сојузот на синдикати на Македонија апелира до работниците да не потпишуваат бланко листови, ниту спогодби за престанок на работниот однос во ситуација во која фирмите се соочуваат со кризата што ја предизвика коронавирусот.

– Апелираме да не се потпишуваат никакви бланко листови, ниту било какви спогодби за престанок на работниот однос за да можеме и ние синдикатите, а и Државниот инспекторат за труд да делуваме и да ги спречиме сите незаконски појави, вели претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

И надлежните институции препорачуваат работниците да не потпишуваат спогодбени откази, а од работодавачите се бара да покажат солидарност и да понесат дел од товарот.

Од Државниот инспекторат за труд апелираат работниците да го пријават кое и да било присилно отпуштање од работа. Посочуваат дека постапуваат секаде каде ќе утврдат дека отпуштањата не се во согласност со Законот за работни односи.

Translate »